• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

Турција распореди 80 воени возила во близина на границата со Сирија

Турција распореди 80 воени возила во близина на границата со Сирија

Анкара, 18 септември 2017 (МИА) – Турција распореди дополнителни 80 воени возила вклучително и тенкови на јужната граница со Сирија, јави Анадолија.

Воената техника е дел од поддршката за војниците кои се распоредени во тој дел на границата. Воената техника била испратена во Искендерум во кругот Хатај.

Во саботата Анадолија јави за префрлање камиони и воени возила како и на тешко оружје во истиот регион. Трет конвој оклопни воени возила е упатен во Рејханал каде се наоѓа граничниот пункт Џилвегозју кон Сирија.

Турскиот министер за надворешни работи изјави дека АРусија, Иран и Турција се договориле да испратат набљудувачи во регионот на зоната за деескалација во сириската провинција Идлиб. зш/07:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ