• A-
  • A
  • A+

вторник, 19 септември 2017, 

Српските цариници запленија товар со оружје на ГП „Градина“

Српските цариници запленија товар со оружје на ГП „Градина“

Белград, 21 април 2017 (МИА)  - На граничниот премин „Градина“ српските цариници спречиле обид за шверц на големо количество оружје и муниција, сокриени во камион, јави Танјуг.

Како што се наведува во соооштението на Управата за царина, ноќеска биле откриени вкупно 80 цевки за воздушна пушка „Гризли 83-2“ со калибар од 5,5 милиметри и „Гризли стрикер“ со калибар од 4,5 милиметри, 80 кундаци за пушка, 10 гасни пиштоли „Зораки“ со калибар од 9 милиметри, 4.000 парчиња муниција за гасен пиштол, како и 70 оптички нишани.

Оружјето е откриено во камион со регистерски таблички од Нови Пазар, со кој управувал возач (27) од Крушевац, а со него се превезувале кондиторски производи од Турција за Црна Гора.

На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто за пријавување за царинска контрола освен стоката што ја транспортира, возачот одговорил негативно, а камионот потоа бил упатен на контрола на мобилен скенер, па благодарение на овој уред биле воочени неправилностите во задниот дел од товарниот простор на приколката на камионот.

Цариниците спровеле детална контрола врз камионот и во кабината прво биле откриени дел од непријавената стока, 70 оптички нишани, 18 цевки за воздудшна пушка и 10 дрвени кундаци за пушка, што биле скриени во креветот и во касетите над контролната табла.

Потоа следел и детален преглед на стоката во приколката, каде прво било пронајдено местото каде било пресечено, па повторно залепено царинското јаже.

Во задниот дел од приколката, како што и покажала снимката од скенерот, биле откриени уште 10 гасни пиштоли, 10 пластични кундаци за пушка, 60 дрвени кундаци за пушка, 62 цевки за воздушна пушка и 4.000 парчиња муниција за гасен пиштол. сд/ссм/15:10

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...

АББА планира „холограм турнеја“ во 2019 година

Шведската поп група АББА планира светска турнеја в...

Банкноти од 500 евра затнаа тоалетна школка во Женева

Повеќе десетици илјади евра во апоени од 500 се на...

Нема „прочка“ за Руни, Судот му одреди високи казни

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрез...