• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Ципрас: Сите страни да обезбедат услови за развој на Грција, наместо да ја казнуваат

Ципрас: Сите страни да обезбедат услови за развој на Грција, наместо да ја казнуваат

Атина, 21 април 2017 (МИА) - Грчкиот премиер Алексис Ципрас во статија за електронското издание на весникот „Волстрит Џурнал“ ги повика денеска сите страни да прекинат со казнените практики кон Грција и да обезбедат услови за развој на земјата. 

Ципрас се осврнува на конфликот меѓу европските институции и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои според него довеле до забавување на преговорите со кредиторите.

Статијата е објавена пред денешната пролетна сесија на ММФ и Светската банка во Вашингтон.

Грчкиот премиер во статијата се обидува да испрати порака дека Грција е подготвена повторно да влезе во сферата на растот и да привлекува странски инвестиции, но смета дека за тоа е потребно сите страни да обезбедат таква можност за земјата.

Ципрас истакна дека од суштинско значење за Грција е да бидат преземени одлучни чекори за олеснување на нејзиниот долг. 

- Конфликтот меѓу ЕУ и ММФ за грчкиот долг и одзема драгоцено време на земјата и го забавува долгоочекуваното враќање на патот на развојот. Најсигурниот пат за постигнување на таа цел е да се поттикне растот и да се стави крај на казнените мерки од минатото, пишува грчкиот премиер. ац/сп/09:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...