• A-
  • A
  • A+

четврток, 21 септември 2017, 

Во две одделни акции запленети над 1,8 тони албанска марихуана

Во две одделни акции запленети над 1,8 тони албанска марихуана

Тирана, 20 март 2017 (МИА)  - Во две одделени акции на грчката и албанската полиција запленети се над 1,8 тони марихуана.

Полицијата од грчкиот град Јанина, во близина на селото Коница денеска запленила 530 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.

Дрогата, пакувана во 180 пакетчиња била во возило  со грчки регистарски таблички, кое било земено под наем од двајца албански државјани  на возраст од 26 и 53 години, кои биле уапсени во акцијата.

Грчките власти соопштија дека дрогата требало да биде траспотирана до Атина.

Претходно, како што јави тиранската телевизија Топ чанел, полицијата од приморскиот град Валона запленила 1.283 килограми марихуана  во заливот Бристани, кај Карабурун.

Пакуваната дрога во 47 торби, била  оставена на брегот, а која требало со моторен чамец да биде транспортирана во правец на италијанскиот брег. Полицијата трага по лицата кои требало да ја шверцуваат дрогата. вт/ми/21:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин (видео)

Комитетот за истрага што го води случајот за новод...

Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаус...

Личните предмети на Одри Хепберн првпат на аукција

Аукциската куќа во Лондон, Кристис, за првпат орга...

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...