• A-
  • A
  • A+
четврток, 23 март 2017, 

ЕК: Работиме на спроведување на договорот со Турција за мигрантите

ЕК: Работиме на спроведување на договорот со Турција за мигрантите

Брисел, 20 март 2017 (МИА) - Интерес на Европската комисија (ЕК) е да работиме на „планот А“, изјави денеска претставник на ова тело на Унијата одговарајќи на прашањето дали институцијата се подготвува за можноста Турција да го раскине договорот за мигрантите.

- Договорот доведе до промени, беа пресечени мрежите на криумчарите, беа спасени човечки животи. Не е во интерес на Турција на нејзините граници да се движат криумчари. Не знаеме за друг функционален предлог, изјави претставникот, не посочувајќи точно кои се решенијата и алтернативите при можно поништување на договорот.

- Додека другите прават кампања на социјалните мрежи, ние деноноќно работиме на поддршка на државите од Европската Унија, а посебно на земјите на надворешната граница (на ЕУ) - Грција и Италија, додаде тој. си/сп/13:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.