• A-
  • A
  • A+

четврток, 17 август 2017, 

Стефановиќ: Рекордна заплена на „сканк“ во регионот

Стефановиќ: Рекордна заплена на „сканк“ во регионот

Белград, 20 март 2017 (МИА) - Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска сооопшти дека полицијата синоќа заплениле над еден тон дрога „сканк“.

Тој на прес-конференција истакна дека станува збор за рекордна заплена, не само во Србија, туку и во регионот.

- Со сериозна и напорна работа луѓето од Управата за криминалистичка полиција во реонот меѓу Нови Сад и Бачка Паланка уапсена е криминална група која го превезувала тоа количество на наркотик, нагласи Стефановиќ.

Српскиот министер истакна дека „тоа е една од најголемите заплени досега и тоа покажува дека Србија е подготвена да биде добра потпора за целиот регион во борбата против шверцот на дрога“. гт/сп/11:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.