• A-
  • A
  • A+

четврток, 17 август 2017, 

Умерен земјотрес го погоди Чанаккале

Умерен земјотрес го погоди Чанаккале

Анкара, 20 март 2017 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтерова скала го погоди денеска округот Чанаккале, во западниот дел на Турција.

Епицентарот на потресот се наоѓал во реонот на градот Ајваџак.

Според Дирекцијата за управување со кризи и вонредни ситуации, земјотресот е регистриран во 10 часот по локално време на длабочина од 5,6 километри под површината на земјата. Веднаш потоа следеле и други 11 потреси со интензитет меѓу 3,2 и 3,5 степени.

Минатиот месец реонот на Чанаккале бeшe погоден од серија потреси, некои со интензитет и на пет степени, кои сеизмолозите ги опишаа како „земјотресна бура“. гт/сп/11:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.