• A-
  • A
  • A+

петок, 28 април 2017, 

Габриел: Турција ги премина границите

Габриел: Турција ги премина границите

Берлин, 20 март 2017 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел го обвини турските власти  дека „ги премнале границите“ со своите обвинувања против германската канцеларка Ангела Маркал за „нацистичко однесување“. 

- Ние сме толерантни, но не сме идиоти, изјави Габриел во интервју за денешниот број на германскиот весник „Пасауер Ноје Пресе“.

Тој нагалси дека „јасно му порачал“ на турскиот министер за надворешни работи Мављут Чавушоглу дека ја преминале границата со обвинувањата изречени од претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган вчера упати лични навреди на сметка на Меркел, обвинувајќи ја за „нацистичко однесување“, поради нејзината одлука да ја поддржи забраната за учество на турски министри на митинзи на Турците на територијата на Германија, организирани во пресрет на референдумот за уставните измени во Турција, закажан за 16 април. 

- Кога ќе ги наречете нацисти, на Европејците им станува непријатно и тогаш манифестираат солидарност. Особено Меркел, изјави Ердоган во настап на една турска телевизија, додавајќи дека германската канцеларка користи нацистички мерки. сп/07:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ирец шета по светот и заработува од тоа

Џони Вард (33) е Ирец кој го обиколува светот и за...

Го убил својот пријател оти ја платил сметката во ресторан

Идрис Алакуш од Истанбул го застрелал својот прија...

Сопружници починале на ист ден, по 77 години брак

Џојс и Френк Дод, кои биле во брак скоро осум десе...

Австралиски Нордстром продава валкани фармерки за 390 евра

Австралиската компанија Нордстром беше прозвана на...

Колекцијата на Иванка Трамп се продава под друго име и со попуст

Откако голем број трговски синџири одлучи да ја ис...