• A-
  • A
  • A+
недела, 26 март 2017, 

„Коха диторе“: Тачи не ја почитувал процедурата при поднесување на законот за косовските сили

„Коха диторе“: Тачи не ја почитувал процедурата при поднесување на законот за косовските сили

Приштина, 10 март 2017 (МИА) - Косовскиот претседател Хашим Тачи не ја почитувал процедура за време на поднесување на нацрт-законот за трансформација на Косовските сили за безбедност во армија на Косово до претседателот на косовското Собрание, објави „Коха диторе“.

- Кога Тачи го поднесувал нацртот до Вејсели, поднел само писмо. Собраниски прописи бараат со секој таков чекор да се достави и објаснување за целите на законот, усогласување со применети закони и оправдување на одредби од законот, објаснува весникот.

Освен тоа нацртот морал да содржи заклучоци во врска со буџетот како и за тоа дали е во согласност со закони во ЕУ.

Меѓутоа, ниту еден од тие документи не биле дел од нацртот што Тачи го доставил до Вејсели. ац/зш/12:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.