• A-
  • A
  • A+

среда, 16 август 2017, 

Тачи: Опасност за Балканот не е косовската армија, туку руските „МиГ-ови“

Тачи: Опасност за Балканот не е косовската армија, туку руските „МиГ-ови“

Приштина, 8 март 2017 (МИА) - Опасност за Балканот не е формирање на косовската армија, туку руските „МиГ-ови“, воени бази и маневри во Србија, изјави денеска косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за албанската редакција на радио „Слободна Европа“, пренесе Танјуг.

Косовскиот претседател изјави дека Приштина нема да се откаже од измените на законот за трансформација на лесно вооружените безбедносни сили во класична армија, и покрај спротивставувањето на меѓународната заедница, НАТО и Србија, подвелкувајќи дека „за тоа никогаш нема да преговара со Белград“.

По повод критиките на НАТО и на американската амбасада во Приштина за плановите за трансформација на Силите за безбедност во Косово во армија преку измени во постојниот закон, а не со уставни измени, Тачи изјави дека во разговор со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ја истакнал ползата што Косово ќе ја има од формирање на сопствената армија. Вооружените сили уште повеќе ќе помогнат во зачувување на мултиетничкиот карактер на државата и ќе бидат „сервис на сите граѓани“, бранејќи го суверенитетот и целоста на Косово.

Тачи истакна дека во Косово постои целосне консензус за прашањето за формирање на армијата и процесот е целосно транспарентен за меѓународната заедница.

-Тоа не е еднострана активност. Но, доколку некоја земја мисли дека тој треба да се координира со Србија, такво нешто нема да има, подвлече Тачи.

Тој додаде дека Косово е суверена и независна држава со легитимни институции. сд/19:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.