• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Тачи: Русија да го признае Косово

Тачи: Русија да го признае Косово

Приштина, 20 февруари 2017 (МИА) - Косовскиот претседател Хашим Тачи побара Русија да „гледа подалеку од интересите на Србија“ и да не го споредува Косово со Крим, јави РТК2.

- Русија треба да го признае Косово и со тоа да го олесни товарот што го има Србија, изјави Тачи на состанокот на парламентарни одбори за надворешни работи во Приштина и побара преостанатите земји-членки на Европска унија да го направат истото.

- Прогласувањето на независност на Косово не беше еднострано, туку беше координирано со меѓународните партнери, посочи Тачи.

На собирот во Приштина учестуваат парламентарци од повеќе европски држави, како и од Турција, а тема се европските интеграции, регионалната соработка, миграциската криза и борбата против тероризмот и радикализмот.

Претходно, Тачи во во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ, побара Мадрид „што е можно побрзо“ да го признае Косово, истакнувајќи дека Шпанија не е „Србија на Милошевиќ ниту Косово е Каталонија“.

- Нема паралели меѓу Косово, Каталонија или Баскија. Прво, Шпанија не е Србија на Милошевиќ, Косово не е Каталонија или Баскија, посочи Тачи. ми/ссм/18:18

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.