• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 октомври 2017, 

Напад врз турска полициска станица од сириска територија

Напад врз турска полициска станица од сириска територија

Анкара, 16 јануари 2016 (МИА) - Припадници на џихадистичката група Исламска држава денеска отворија оган од сириска територија врз полициска станица во селото Јавизлу во турскиот пограничен округ Килис, јави ТАСС.

Според турските медиуми, истрелите врз трурската полициска станица дошле од реонот на сирискиот пограничен град Азез, каде се водат жестоки борби меѓу припадници на ИД и локални паравоени групи.

Најжестоки борби се водат околку три села во близина на Авез. Едно од селата е под контрола на ИД, од каде и биле упатени истрелите кон турската полициска станица.  

Претставници на турската Армија информираа дека по нападот, армиските сили го лоцирале местото од каде било стрелно врз полициската станици и врз него отвориле артилериски оган. сп/18:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.