• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Ахмет Давутоглу: Нападот во Суруч е дело на ИД

Ахмет Давутоглу: Нападот во Суруч е дело на ИД

Анкара, 20 јули 2015 (МИА) - Првите резултати од истрагата за денешниот самубиствен напад во градот Суруч во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија, укажуваат дека станува збор за терористички чин извршен од страна на џихадистичката група Исламска држава, изјави доцна попладнево турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

- Турција презеде и ќе продолжи да ги презема неопходните мерки против Исламската држава, порача Давутоглу, најавувајќи дека Анкара донела одлука за засилување на безбедносните мерки долж турската граница со Сирија.

Според најновите податоци, во денешниот напад во Суруч загинаа најмалку 30 лица, од кои најголмиот број студенти, а околу 100 други се ранети.

Експлозијата се случи во дворот на Културниот центар „Амара“, во кој се оддржувала конференција на која присуствувале најмалку 300 членови на Федерацијата на младинските асоцијации на социјалистите, Целта на конференцијата била прибирање помош за обнова на сирискиот град Кобане, главно населен со Курди, кои во голем број побегнаа во Турција, посебно во Суруч. пред офанзивата на ИД.

Еден дел од бегалците се вратија во Кобане, откако градот беше ослобиден со помош на курдските борци, но дел од нив се уште се на турска територија. сп/18:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...