• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Македонија ги доби ривалите во квалификациите за ЕП 2018 за ракометарки

Македонија ги доби ривалите во квалификациите за ЕП 2018 за ракометарки

Париз, 21 април 2017 (МИА) - Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра во третата квалификациска група за Европското првенство 2018 заедно со Србија, Шведска и победникот од претквалификациската група А.

По денешната ждрепка во Париз беа формирани и другите групи:

Група 1: Швајцарија, Украина, Хрватска и Норвешка.

Група 2: Италија, Словачка, Полска и Црна Гора.

Група 4: Португалија, Австрија, Русија и Романија.

Група 5: Исланд, Словенија, Чешка и Данска.

Група 6: Литванија, Турција, Германија и Шпанија.

Група 7: Квалификант од Б група, Белорусија, Унгарија и Холандија.

Европското првенство ќе се игра во Франција од 30 ноември до 16 декември 2018 година. Пласман на шампионатот ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група и најдобрата трето пласирана селекција. зс/13:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.