• A-
  • A
  • A+

петок, 26 мај 2017, 

Македонските нордиски скијачи на подготовки во Шведска и Норвешка

Македонските нордиски скијачи на подготовки во Шведска и Норвешка

Скопје, 14 ноември 2016 (МИА) - Македонската репрезентација во нордиско скијање во наредните две седмици ќе биде на подготовки во Шведска и Норвешка.

Предводени од селекторот Ѓоко Динески, македонските нордијци до крајот на оваа седмица ќе се подготвуваат во шведскиот ски-центар Идре, а потоа заминуваат во Норвешка.

- Во овие две држави ќе имаме подготовки на снег и овие ски-центри нудат одлични услови. Веќе на крајот на оваа седмица ќе заминеме во Норвешка, а на крајот на овој месец не очекуваат и неколку натпревари. Очекуват добри изданија на моите репрезентативци, изјави селекторот Динески.

Нашите репрезентативци речиси цело лето се подготвуваа за зимските натпревари кои ги очекуваат, од кои постои шанса да се освојат поени за обезбедување норма за Зимските олимписки игри што во 2018 година ќе се одржат во Пјонгчанг. ит/20:15

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.