• A-
  • A
  • A+

понеделник, 24 април 2017, 

Македонските фудбалери до 21 година ги почнаа подготовките за дуелот со Франција

Македонските фудбалери до 21 година ги почнаа подготовките за дуелот со Франција

Скопје, 9 ноември 2015 (МИА) - Македонската репрезентација до 21 година денеска го имаше првиот собир во пресрет на квалификацискиот натпревар против Франција закажан за 15 ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Поради повреда на задната ложа Давид Бабунски нема да биде во комбинација за пресметката против фаворитот за првото место во групата. Фудбалерот на Барселона „Б“ упати порака со поддршка до репрезентативните колеги.

- За жал на последниот натпревар добив повреда на задната ложа и нема да бидам со вас против Франција. Со цело срце ви посакувам успех. Верувам во вас, стои во пораката на Давид Бабунски.

На негово место селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски го повика фудбалерот на дански Вејле, Хакан Реџеп.

Напаѓачот на тетовска Шкендија, Марјан Радевски вели дека тимот ќе даде се од себе да ги направи горди навивачите на младата репрезентација.

- Планот и подготовката е ист како и пред секој натпревар, а тоа е да ја одиграме својата игра со многу енергија и трчање и да имаме брзо движење на топката. Тоа во изминатите натпревари ни овозможуваше да создадеме голем број на шанси за погодоци. Франција е фаворит во групата, но ние потврдивме дека можеме да се носиме и надигруваме со сите. Ќе ни биде неопходна и поддршка од навивачите, а ние ќе дадеме се од себе да ги направиме горди, изјави Радевски.

Според Енис Барди, фудбалерот од средниот ред тимската атмосфера е многу важна во намерата да се оствари позитивен резултат.

- Ја почитуваме Франција, многу силна репрезентација со играчи од најдобрите клубови во Европа, но секоја екипа има одредени недостатоци, така и тие. Ќе се обидеме да го одиграме својот фудбал, а кога успеваме во тоа, тешко ќе не совладаат. Ако се држиме до тоа што селекторот го бара од нас би можеле да се надеваме на позитивен резултат, вели Барди за веб страната на ФФМ. зс/15:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.