• A-
  • A
  • A+

петок, 26 мај 2017, 

Ракометарите на Македонија ги продолжија подготовките

Ракометарите на Македонија ги продолжија подготовките

Скопје, 2 јануари 2015 (МИА) - Ракометната репрезентација на Македонија попладнево ги продолжи подготовките за Светското првенство во Катар. Селекторот Ивица Обрван и во следните неколку дена ќе работи со сите повикани играчи (21), а кои 18 ќе заминат на турнирот во Франција и потоа за Катар ќе се реши по тренинзите што ќе се одржуваат следниве денови истотака во СЦ „Јане Сандански“.
 
По двата натпревара со Израел одиграни во првиот дел од подготовките македонската репрезентација до настапот на ракометниот Мундијал ќе одигра уште два натпревара на турнирот во Нант. На 9.јануари противник на Македонија ќе биде Алжир, а следниот ден нашата селекција ќе игра против Франција или Аргентина.
 
Првиот натпревар на шампионатот во Катар, Македонија го игра на 16.јануари против Тунис. Токму нашиот прв ривал вечерва игра пријателски натпревар на турнир во Швајцарија против репрезентацијата на Белорусија. мс/20:33

###

 

 
 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.