• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Мукаетов воодушевен од Лазаров, ги отфрли шпекулациите за Брумен

Мукаетов воодушевен од Лазаров, ги отфрли шпекулациите за Брумен

Скопје, 4 ноември 2014 (МИА) - Претседателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов во интервјуто за порталот „Екипа“ изјави дека е воодушевен од начинот на кој капитенот Кирил Лазаров ги предводеше соиграчите до големиот бод на гостувањето во Чешка каде Македонија во еден момент имаше осум голови негатива.

- Воодушевен сум од капитенот Кирил Лазаров кој особено на овој меч покажа што значи вистинско лидерство и го крена тимот кога тоа беше најпотребно. Горди сме што во нашите редови имаме не само репрезентативец од светски калибар туку и извонреден мотиватор. Извонреден беше и Борко Ристовски кој публиката во Злин и целата македонска ракометна јавност ја почести со своето маестрално роденденско издание. Да не ги заборавиме и Филип Миркуловски и останатите носители на репрезентативниот дрес кои уште еднаш покажаа како треба да се бориме со сите сили и со цело срце за достојно да ги претставиме боите на Македонија, вели првиот човек на РФМ.

Мукаетов ги демантира и пишувањата на дел од медиумите во Македонија за наводна натурализација вардаровото десно крило, Словенецот Матијаж Брумен.

- Матијаж Брумен е извонреден играч од светска класа, но не е во нашите планови за СП во Катар, истакнува во интервјуто за „Екипа“ претседателот на РФМ. зс/12:37

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...