• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Лазаров: Да бевме комплетни можевме повеќе

Хернинг, 21 јануари 2014 (МИА) - Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров во интервју за официјалната веб-страна на ракометното Европско првенство во Данска искажа задоволство од постигнатото во досегашните настапи на „црвено-жолтите“ но нагласи дека со комплетен состав Македонија можеше да направи и повеќе.

- Задоволни сме што ја остваривме првата зацртана цел да влеземе во втората фаза и со тоа да бидеме носители на извлекувањето на двојките за баражите во пресрет на Мундијалот во Катар следната година. На првенството играме без стандардните Наумче Мојсовски и брат ми Филип Лазаров кои се повредија пред почетокот на ова натпреварување. Нашиот состав игра заедно веќе 12 години и тие секогаш беа дел од нас, па нивното отсуство многу се почувствува, истакна македонскиот капитен.

Тој е свесен дека во нашата земја очекувањата се зголемија по петто место во Србија и се појавија желби да се освои и медал, но упати апел до навивачите да останат смирени и да го ценат тоа што една мала земја како Македонија веќе зазема значајно место на ракометната карта во Европа.

Прашан дали може повторно да биде најдобар стрелец на ЕП, Лазаров кој во моментов со 38 голови води на листата на стрелците, Лазаров одговори дека тоа е важен момент за него, но во прв план му е успехот на репрезентацијата.

- Секако дека да бидете најефикасен на големите натпреварување е одлично чувство, сум бил најдобар стрелец на СП 2009, како и на ЕП 2012 и тоа е прекрасно чувство. Имам големи амбиции, кои може да се остварат само со помош на соиграчите од репрезентацијата. Сакам нешто големо со Македонија. Би било прекрасно да бидам повторно на врвот, изјави Лазаров.

Според него главни фаворити за трофејот се домаќинот Данска, Франција, Хрватска и светскиот првак Шпанија.

Токму Шпанија е следниот противник на македонските ракометари на утрешниот дуел за кој Лазаров вели дека ќе му помогне со совети на селекторот Ивица Обрван, но свесен е дека и противникот знае за неговата игра со оглед на тоа што настапува во Барселона.

На крајот од интервјуто за www.ehf-euro.com‎, Лазаров се осврнува и на клупскиот ракомет.

- Имаме квалитет но да се освои Лигата на шампионите е се потешко, бидејќи од година во година се повеќе се зголемува квалитетот на конкурентите. Сепак се надевам дека со Барселона ќе го освојам трофејот што го немам освоено во мојата кариера, а тоа ќе го направиме ако одиме чекор по чекор.

За нашите екипи во ЛШ Вардар и Металург најдобриот ракометар на Македонија вели дека се големи ривали, но таквото ривалство не треба да значи непријателство и како што вели, тоа е во интерес за подигнување на квалитетот, а полза од тоа има и репрезентацијата. зс/13:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...