• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Рим, 11 декември 2017 (МИА) - Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по јаже раширено на 20 метри над реката Тибар во Рим, успеа да помине од едниот до другиот брег.

Лорени минал 135 метара, прицврстен за канап, недалеку од  мостот Сaнт Aнџело. За локалните медиуми тој изјави дека во еден миг сепак, си помислил да се откаже поради дождот, ветрот и отсјајот во водата.

- Но, секако дека не можеш тоа да го направиш. Мораш да одиш до крај и да ги искористиш своите сетила, да те водат без оглед на стравот. Прекрасно е, изјави Лорени. си/10:47

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...