• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Поранешни претседатели на САД собираа пари за жртвите на ураганите Харви и Ирма

Поранешни претседатели на САД собираа пари за жртвите на ураганите Харви и Ирма

Хјустон, 22 октомври 2017 (МИА) - Сите живи поранешни претседатели на САД Џими Картер, Џорџ Х. В. Буш, Бил Клинтон, Џорџ В. Буш и Барак Обама заеднички настапија на големиот хуманитарен концерт за помош на жртвите на ураганите Харви и Ирма што ги зафатија Тексас, Флорида, Порторико и Американските Девствени Острови. Актуелниот претседател Доналд Трамп се обрати преку видео снимка на илјадниците посетители на концертот кој се одржа во Колеџ Стејшн во Тексас.

- Овој прекрасен настан не потсетува дека ние навистина сме една нација, обединета под Господ, обединета во нашите вредности и во посветеноста еден кон друг, изјави трамп.

Рок и кантри настапувачите Лајл Ловет, Роберт Ерл Кин, Сем Мур и Јоланда Адамс настапија на концертот. Лејди Гага ненајавена настапуваше на концертот, а потоа се фотографираше со петмината поранешни претседатели. Џими Картер најави дека организацијата Хабитат за човештвото, со која тој соработува, ќе пмогне да се обноват 6.000 куќи во погодените делови на Тексас. цч/10:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.