• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Турската полиција ослободи 7.500 жаби одземени од ловокрадци

Турската полиција ослободи 7.500 жаби одземени од ловокрадци

Анкара, 18 октомври 2017 (МИА) - Турската полиција пушти на слобода околу 7.500 жаби, што биле одземени од ловокрадци, кои планирале да ги продадат во странство.  

Жабите биле откриени од страна на полицијата во еден автобус во реонот на Кападокија во централна Турција.

Во врска со обидот за шверц се приведени пет лица, кои признале дека жабите ги уловиле во реката Кизилирмак и планирале да ги однесат во Адана, каде требало да ги продадат на еден „извозник“.

Тие се обвинети затоа што ги ловеле жабите без дозвола и во период кога е забранет нивниот лов. 

Директорот на локалната Агенција за заштита на фауната, Хасан Доганчај соопшти дека сите жаби биле пуштени назад во реката Кизилирмак. сп/19:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.