• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Како да направите „сирена тост“

Како да направите „сирена тост“

Скопје, 17 октомври 2017 (МИА) - Креативните луѓе на социјални мрежи постојано поставуваат нови јадења и рецепти... Така, најголем хит појадок моментно е т.н. „тост сирена".

Станува збор за препечено лепче со намаз во морски бои. Има и „тост еднорог", на којшто се претопуваат боите на виножитото.

- Со додавање на сок од цвекло, се добиваат најубави нијанси на виолетова. Мојата цел е здравата храна да ја претворам во забавна храна, така што додавам по малку боја, изјави за „Вог" Аделина Вог, која стои зад профилот „vibrantandpure“ и којашто е една од творците на овој необичен и доста популарен тренд.

Ако и Вие сакате забавен оброк, земете топено сирење и препуштете и се на фантазијата и на својот префинет вкус.

лепче плажа

За зелена боја пак, додаваме спирулина во прав, за розово-виолетова нијанса, користиме сок од боровница. Треба само малку да се помешаат и да ги размачкаме на печеното лепче, да додадеме украси што се јадат, овошје, зеленчук - онака, само за уште поубаво да изгледа сето тоа.  си/зш/11:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ