• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Виетнамка роди бебе со тежина од над седум килограми

Виетнамка роди бебе со тежина од над седум килограми

Ханој, 17 октомври 2017 (МИА) - Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бебе тешко 7,1 килограми... 

- Бевме во целосен шок кога лекарот ни рече дека бебето е тешко 7,1 килограм. За време на бременоста, докторите велеа дека тоа ќе има околу пет килограми, изјави таткото на новороденчето, Тран Ван Кван.

Бебето е хит на денот од насловните страници на виетнамскиот печат. Претходниот рекорд во земјата го држеше бебе родено 2008 година, со тежина од точно седум килограми.

Светскиот Гинисов рекорд пак, и натаму и припаѓа на Италијанката која во 1955. роди бебе тешко 10,2 килограми.  си/09:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ