• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Вирусот откриен пред 100 години може да ги замени антибиотиците

Вирусот откриен пред 100 години може да ги замени антибиотиците

Њујорк, 16 октомври 2017 (МИА) - Се очекува дека резистенцијата на антибиотици, односно, феноменот кога бактериите престануваат да реагираат на лекот, ќе стане главната причина за смрт и ќе убие 10 милиони луѓе до 2050 година.

Многу фармацевтски компании од целиот свет престанаа да прават нови антибиотици, а лековите, кои во моментов се во развој, сѐ уште се соочуваат со блокади кога станува збор за нивната примена. Поради околностите во кои се наоѓаат фармацевтските компании, сѐ повеќе се вртат кон идејата за терапија со „фаг“ (бактериофаг).

Терапијата ја прави вирусот кој ги убива бактериите, поточно бактериофагот. Откриен е на почетокот на дваесетиот век кога бактериофагот можел да лечи луѓе со бактериски инфекции. Овој метод се користел во земјите од Источна Европа и поранешниот СССР како алтернатива, кога антибиотиците ќе задоцнеле. Бидејќи е програмиран да се бори против бактериите, бактериофагот не претставува закана по човечкиот живот.

- Во овој вирус се крие потенцијал што антибиотиците го немаат. Мислам дека треба да работиме на развивање на овој вид терапија со цел да му направиме место на вирусот за да ги убива бактериите, вели колумнистот на Њујорк тајмс, Карл Цимер.

Многу фармацевтски компании подготвија планови, но очекуваат одобрување за тестирање.

Бактериофаг или скратено фаг е специфичен бактериски вирус кој се множи користејќи ги бактерии. Фагот плива во културниот медиум додека не ја најде бактеријата која инфицира за да го запре процесот на нејзино размножување, а наместо тоа започнува процес на градење на многу нови фаги. На крајот, бактериите се расфрлани и фагите се ослободуваат во културниот медиум, каде се повторува сето погоре опишано, но на многу повеќе бактерии. ир/ми/18:05

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ