• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Фон Триер демантира дека сексуално ја малтретирал Бјорк

Фон Триер демантира дека сексуално ја малтретирал Бјорк

Копенхаген, 16 октомври 2017 (МИА) - Данскиот режисер Ларс фон Триер денеска во интервју за данскиот весник „Џиландс-Постен“ одговори на обвинувањата дека сексуално ја малтретирал исландската пејачка Бјорк за време на снимањето на филмот „Танцувач во мракот“.

- Тоа не беше така. Но факт е дека ние не бевме пријатели, изјави тој.

Исландската пејачка Бјорк во неделата на Фејсбук напиша дека сексуално била малтретирана од дански режисер, но не откри за кого се работи. Според неа, откако го одбила тој „за неговиот тим создал импресивна мрежа од илузија“.

Бјорк и Фон Триер работеа заедно на мјузиклот „Танцувач во мракот“, кој во 2000 година ја освои наградата „Златна палма" во Кан.

Фон Триер изјави дека не бил изненаден што Бјорк го обвинила, со оглед на тоа што постојано се жалела на него и имале конфликт.

Продуцентот Питер Албек Јенсен, исто така, ги отфрли обвинувањата.

- Колку што се сеќавам, ние бевме жртвите. Оваа жена беше посилна од Ларс фон Триер, мене и целата наша компанија заедно. Таа диктираше се, изјави продуцентот на филмот.

Бјорк во постот на Фејсбук напиша дека била инспирирана „од жените насекаде кои зборуваат онлајн“.

Во последните недели, многу американски актерки излегоа со тврдења за силување и сексуално малтретирање од страна на истакнатиот американски продуцент Харви Вајнстајн. јт/ми/15:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ