• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 октомври 2017, 

Најголемиот дијамант од Боцвана продаден за 53 милиони долари

Најголемиот дијамант од Боцвана продаден за 53 милиони долари

Јоханесбург, 26 септември 2017 (МИА) - Необработен дијамант пронајден во африканската држава Боцвана, за кој се смета дека е најголемиот дијамант пронајден во изминатите 100 години, беше продаден за 53 милиони долари.

Британската компанија Граф го купи дијамантот и најави дека ќе ги ангажира своите најдобри експерти за да испланира како најдобро да се исече овој огромен скапоцен камен, јави новинската агенција ДПА.

Дијамантот, кој е со големина на тениско топче, беше пронајден во рудникот Лукара Карове во северниот дел на Боцвана. Тој тежи 1.109 карати и е наречен Леседи Ла Рона, што значи Нашата светлина на јазикот на локалниот народ Цвана.

- Ќе работиме ден и ноќ за достојно да го обработиме овој неверојатен дар на природата, соопштија од компанијата Граф.

Дијамантите претставуваат 80 проценти од вкупниот извоз на Боцвана. цч/ми/13:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ