• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Њујорк, 19 септември 2017 (МИА) - Се продава „Ролинг Стоун“, 50-годишен магазин за музика и популарна култура, објави основачот на  магазинот, Џен Венер.

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека тој и неговиот син Гас го продаваат „Ролинг Стоун“, но и дека се надеваат оти ќе останат во тимот.

Венер го основа списанието во ноември 1967., додека бил „хипик“. Тоа изврши големо влијание врз пишувањето за музиката, но сега е во тешка положба, главно поради општата ситуација околу продажбата на печатените медиуми, но и поради своето известување.

Имено, репутацијата на магазинот наеднаш опадна пред три години, кога мораа да повлечат текст за измислено групно силување на Универзитетот на Вирџинија, оти новинарите не го провериле изворот и информацијата, поради што заработија и три тужби. си/зш/12:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.