• A-
  • A
  • A+
сабота, 18 ноември 2017, 

„А а а а многу добра песна“ нов хит на Ајтунс

„А а а а многу добра песна“ нов хит на Ајтунс

Њујорк, 18 август 2017 (МИА) - Делото насловено „А а а а многу добра песна“ станува се попопуларно меѓу корисниците на Ајтунс, а она што го разликува од останатите е тоа што се работи за десет минути целосна тишина.

Станува збор за замисла на Самир Мезрахи, која на овој начин сакал да го реши „проблемот“ што го имал секогаш кога ќе го вклучи својот Ајфон на автомобилскиот стерео уред.

Имено, Ајфонот ги емитува песните по абецеден ред и секогаш почнува со истата песна. Со изумот на Мезрахи, кога тој ќе го вклучи Ајфонот, има време од десет минути да ги подреди песните не плеј листата по саканиот редослед. 

„Хитот“ на Мезрахи се проби на 79-то место на листата на Ајтунс, оставајќи ги зад себе песните на Кендрик Ламар, Кеша, Селена Гомез и многу други познати пејачи. 

„А а а а многу добра песна“  може да се преземе од Ајтунс за 99 центи. сп/15:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ