• A-
  • A
  • A+

недела, 20 август 2017, 

Хеди Ламар - глумицата што ја сними првата секс сцена на филм (видео)

Хеди Ламар - глумицата што ја сними првата секс сцена на филм (видео)

Лос Анџелес, 20 март 2017 (МИА) - „Непристојно и морално опасно", „несоодветно, неморално и развратно", „исклучително храбро" - ова не се рецензии за „50 нијанси потемно", туку критички коментари за филмот од 1933, „Екстази", што официјално се смета за првиот кој содржи сцена со женски оргазам, и којшто ја прослави легендарната Хеди Ламар.

Критичарите се сложуваат и дека ова е еден од најреволуционерните филмски сцени воопшто. „Екстази“, инаку е чешки игран филм од 1930-те, кога американските филмаџии, но и публиката воопшто, не беа подготвени за такви сцени.

Таа улога претставуваше отскочна даска за Ламар, на која најмногу се сеќаваме по улогата на Далила од „Самсон и Далила".

Приказната на филмот пак, е за жена која го остава својот импотентен сопруг за да се впушти во врска со помлад инженер. Иако сцената со оргазмот не прикажува голотија, таа е присутна низ целиот филм. си/ссм/18:12

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.