• A-
  • A
  • A+

петок, 28 април 2017, 

Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост (фото)

Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост (фото)

Лос Анџелес, 20 март 2017 (МИА) - Актерот Адам Драјвер за потребите на филмот „Тишина“ на Мартин Скоресезе, ослабна дури 23 килограми и сега изгледа речиси непрепознатливо.

Драјвер (33), кој во филмот толкува улога на свештеник, изјави дека му било многу тешко во напорите за симнување на килограмите, но дека сепак не се откажал од својата намера. 

- Пред почетокот на снимањето ослабнав 14 килограми, а за време на самото снимање уште над осум килограми. Тоа беше потребно бидејќи играм езуитски свештеник од 17-от век, кој непрекинато патувал две години, соочувајќи се со болести и глад, изјави Драјвер.

Адам Драјвер 2

Тој призна дека за намалување на килограмите бил поттикнат од самиот Скорсезе.

- Се изложив на екстремен режим на исхрана. Во текот на снимањето често немав сила да правам ништо повеќе од она што се бараше од мене за потребите на филмот. Ми беше тешко дури и да размислувам, изјави Драјвер. сп/09:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ирец шета по светот и заработува од тоа

Џони Вард (33) е Ирец кој го обиколува светот и за...

Го убил својот пријател оти ја платил сметката во ресторан

Идрис Алакуш од Истанбул го застрелал својот прија...

Сопружници починале на ист ден, по 77 години брак

Џојс и Френк Дод, кои биле во брак скоро осум десе...

Австралиски Нордстром продава валкани фармерки за 390 евра

Австралиската компанија Нордстром беше прозвана на...

Колекцијата на Иванка Трамп се продава под друго име и со попуст

Откако голем број трговски синџири одлучи да ја ис...