• A-
  • A
  • A+

вторник, 19 септември 2017, 

Делата од „Карпино“ изложени во Кочани

Делата од „Карпино“ изложени во Кочани

Кочани, 21 април 2017 (МИА) - Во Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани денеска е отворена изложба на ликовни дела од ликовната колонија „Карпино 2016“ која минатата година се одржа во Куманово.

На отварањето на изложбата присуствуваа претставници од Мултимедијалниот центар „Карпино“ од Куманово, ликовни творци и љубители на ликовната уметност од Кочани.

- На изложбата во Кочани има 17 дела од вкупно 30-те создадени на колонијата. Нив во повеќе видови техники ги создадоа ликовни уметници од Бугарија, Романија, Србија и Македонија, изјави Зоран Павловски, претстедател на Мултимедијалниот центар „Карпино“ од Куманово.

Раководителот на Ликовниот салон при Центарот од Кочани Александра Димитрова ја истакна соработката со Меѓународната ликовна колонија „Карпино“ и редовната презентација на создадените дела на ликовна изложба во Кочани.

Делата од колонијата „Карпино“ досега биле изложени во Куманово и Виница, а по презентацијата во Кочани ќе бидат изложени и во Кавадарци и Пробиштип. Во Кочани изложбата ќе биде отворена до 5 мај годинава. кг/мд/13:42

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...

АББА планира „холограм турнеја“ во 2019 година

Шведската поп група АББА планира светска турнеја в...

Банкноти од 500 евра затнаа тоалетна школка во Женева

Повеќе десетици илјади евра во апоени од 500 се на...

Нема „прочка“ за Руни, Судот му одреди високи казни

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрез...