• A-
  • A
  • A+

недела, 25 јуни 2017, 

Доделени наградите на учесниците на поетскиот конкурс на библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово

Доделени наградите на учесниците на поетскиот конкурс на библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - Вработените од Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ во Тетово денеска во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во градот им ги доделија наградите на учесниците на поетскиот конкурс организиран во пресрет на 23 Април, Светски ден на книгата и авторските права.

Според Ѓултен Ајрулаи, вработена во библиотеката, на конкурсот што бил од слободна тема учествувале учениците од 20 основни училишта од Тетово и тетовско.

- На конкурсот пристигнаа 396 песни на албански јазик и околу 150 песни на македонски јазик што покажува дека има навистина голема заинтересиранот и одѕив од учениците, но и нивните ментори кои постојано соработуваат со нас. Песните во најголем дел се посветени на пролетта, татковината, книгата итн., така што комисијата ќе има навистина тешка работа да ги избере трите третопласирани, двете второпласирани и едната песна што ќе освои прво место за секој од јазиците. Освен тоа решивме со пофалница да ги наградиме сите учесници на овој поетски конкурс рече Ајрулаи.

Таа најави дека за конкурсот за следната година ќе се обидат сите пристигнати творби од учениците да ги испечатат како книга за да остане сведоштво за нивниот талент и нивната љубов кон пишаниот збор. ас/рп/13:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...

Две панди пристигнаа од Кина во берлинската зоолошката градина

Транспортен авион пристигна денеска од Кина за Гер...

Прегласниот говор на австрискиот канцелар им пречел на соседите

На една виенчанка и пречел гласниот говор на австр...