• A-
  • A
  • A+

четврток, 21 септември 2017, 

Во Брисел задутре европска премиера на драмскиот проект „Дениција“

Во Брисел задутре европска премиера на драмскиот проект „Дениција“

Охрид, 21 април 2017 (МИА) – Драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски на 23 април ќе ја има својата европска премиера.

Театарската корео-драма ќе биде изведена во кабаре-театарот „Ос а Моел“ во Брисел, во рамки на фестивалот „Балкан трафик“.

Станува збор за копродукциски проект на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, што премиерно беше изведен на 4 декември минатата година во Скопје, на десетгодишнината од смртта на академик Петре М. Андреевски (1943-2006).

Претставата е веќе најавена на интернет-страницата на бриселскиот фестивал, како „љубовен молотов коктел од Македонија“, и според информациите веќе постои голем интерес кај публиката во европската престолнина.

Во несекојдневниот театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција – младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска, видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер. Во рамки на претставата користени се и пет слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“. аб/рп/12:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин (видео)

Комитетот за истрага што го води случајот за новод...

Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаус...

Личните предмети на Одри Хепберн првпат на аукција

Аукциската куќа во Лондон, Кристис, за првпат орга...

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...