• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Струмичкиот театар задутре со премиерна изведба на претставата „Второто пришествие“

Струмичкиот театар задутре со премиерна изведба на претставата „Второто пришествие“

Струмица, 20 април 2017 (МИА) - Претставата „Второто пришествие“ на Струмичкиот театар в сабота премиерно ќе биде изведена на сцената 112 во Центарот за култура „Антон Панов“.

Претставата на драматургот и режисер Васил Михаил, која ќе биде изведена и в недела, е втора во годинешната сезона на ансамблот на Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица.

Во претставата играат Ангелина Тренчева Ангелова, Оливера Аризанова и Игор Тодоров, кои со неа прославуваат јубилеи 10 и 15 години театарско работење.

- Времето на дејството е во иднината, значи футуристичка трагикомедија, фарса, гротеска, сатира, нешто што варира е еклектиката на овие би рекол, комични жанрови. Ова е пред се необична претстава, интересен чин за нашиот театар, но и за театарот во Македонија воопшто, рече на денеска на прес-конференција, режисерот и драматург Михаил.

Појасни дека освен негова драматизација, во тексот се вметнати и цитати на Режек, Вапцаров, Рацин и на Светото писмо.

Според директорот на Струмичкиот театар, Драган Маџиров, претставата ја подготвувале речиси шест месеци.

- Она што импонира е што во нејзината реализација се вклучени струмички уметници. Уметникот Никола Пијанманов ја направи сценографијата, а музичарот Горан Алиќ ја спреми музичката подлога за претставата. Костимографијата е една од најдобрите во својата бранша, Елена Дончева, рече Маџиров. кд/рп/15:07

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ