• A-
  • A
  • A+

четврток, 27 април 2017, 

Балетски уметници од МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“

Балетски уметници од МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“

Скопје, 20 април 2017 (МИА) -  Балетски уметници од Македонската опера и балет денеска и утре во Љубљана ќе учествуваат на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“.

Како што соопшти МОБ, денеска е предвидена конференција на балетските раководители на ансамблите од Љубљана, Белград, Загреб, Сплит, Сараево, Марибор и Скопје, на која излагање ќе има и уметничкиот раководител на балетот на МОБ, Олга Панго.

Во програмскиот дел утре ќе настапат првенците на балетот на МОБ, Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, кои ќе изведат дует од балетот „Клеопатра“, во кореографија на Василиј Медведев од Русија и па де де од балетот „Самсон и Далила“, во кореографија на Роналд Савковиќ. Предвидени се и настапи на балетски уметници од балетските ансамбли од центрите на поранешна Југославија поканети на манифестацијата.

Програмскиот дел ќе се одржи на сцената на Словенското народно гледалишче-Опера и балет во Љубљана. вг/паг/12:50

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ