• A-
  • A
  • A+
понеделник, 27 март 2017, 

Претставата „Лазаревото писмо“ на сцената на Bелешкиот театар

Претставата „Лазаревото писмо“ на сцената на Bелешкиот театар

Велес, 20 март 2017 (МИА) - На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер актери од Штипскиот театар ќе ја изведат претставата „Лазаревото писмо“ од Живко Чинго, во режија и адаптација на Љупчо Ѓоргиевски.

Од Велешкиот театар информираа дека претставата е адаптација на истоименото дело на Живко Чинго, во кое дејството се случува во шеесетите години на минатиот век, време со кое режисерот нашол аналогна врска со денешното.

Bо претставата настапуваат актерите: Владимир Тулиев, Милорад Ангелов, Пеце Ристевски, Виктор Арев, Ефтим Трајчов, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Елена Шорова, Надица Петрова, Марија Димитрова, Никола Стефанов, Никола Кузелов, Нела Ангелова и Емилија Ристевска.

Автор на музиката е Марјан Неќак, костимите се на Андреј Ѓоргиевски, а сценографијата на Благој Мицевски. ад/рп/14:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ