• A-
  • A
  • A+
понеделник, 27 март 2017, 

Тројца македонски поети ќе учествуваат на „Борина недела“ во Врање

Тројца македонски поети ќе учествуваат на „Борина недела“ во Врање

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Поетите Христо Петрески, Јордан Ѓорчев и Трајче Кацаров ќе учествуваат на педесеттата манифестација „Борина недела“, која традиционално се одржува во Врање - родното место на српскиот писател Борисав Станковиќ.

Во слава и чест на познатиот автор на „Коштана“, „Нечиста крв“ и други дела, од 23-ти до 29 март по 50-ти пат Врање ќе биде домаќин на голем број писатели од Србија и од странство.

Годинашната „Борина недела“ слави три јубилеи: 50 години на манифестацијата, 140 години од раѓањето на Борисав Станковиќ и 25 години од востановувањето на Борина награда.

Петрески, Ѓорчев и Кацаров ќе настапат на свеченото отворање кое ќе почне со претставување на современата српска и македонска поезија, односно со настап на српски и македонски поети. хс/са/09:07

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Јутјуб преплавен од цртани филмови со несоодветни содржини за деца

На денешните деца поприродно им е „лизгањето“ со п...

Бред Пит се врати на вежбањето и симна неколку килограми

Бред Пит (53), еден од најголемите холивудски заво...

Боб Дилан в петок ќе го промовира новиот албум (видео)

Американскиот кантавтор и Нобеловец, Боб Дилан нај...

Автобус со патници за малку не беше „голтнат" од џиновска дупка на патот (видео)

Дупка широка неколку метри се отвори на автопат во...