• A-
  • A
  • A+
понеделник, 27 март 2017, 

Хуманитарен концерт во Крива Паланка

Хуманитарен концерт во Крива Паланка

Крива Паланка, 19 март 2017 (МИА) – Синоќа во националната установа Центар за култура, Крива Паланка се одржа хуманитарен фолклорен концерт на кој настапија фолклорните друштва „8 Октомври“ и „Фолклористи“.

Концертот е во организација на Клубот на млади при општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка, а се реализира во рамки на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ).

- Младите волонтери направија истражувања на терен таргетирајќи повеќе семејства во социјален ризик на кои им е неопходна помош од каков било карактер за да им се овозможи достоинствен живот. Во таа насока е и концертот, на кој на наше огромно задоволство се одзваа фолклорните друштва, за што сме им особено благодарни. Влезот беше со симболична сума од 50 денари, а собрани се околу 4.500 денари кои ќе бидат донирани кај едно од семејствата, информира Давор Петровски, координатор на ПХВ тимот.

Истакна дека претстојат уште низа активности и настани од хуманитарен карактер со кои ќе им се обезбеди помош и на останатите семејства во социјален ризик од општините Крива Паланка и Ранковце, опфатени во оваа програма. им/сст/10:05

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Јутјуб преплавен од цртани филмови со несоодветни содржини за деца

На денешните деца поприродно им е „лизгањето“ со п...

Бред Пит се врати на вежбањето и симна неколку килограми

Бред Пит (53), еден од најголемите холивудски заво...

Боб Дилан в петок ќе го промовира новиот албум (видео)

Американскиот кантавтор и Нобеловец, Боб Дилан нај...

Автобус со патници за малку не беше „голтнат" од џиновска дупка на патот (видео)

Дупка широка неколку метри се отвори на автопат во...