• A-
  • A
  • A+
понеделник, 27 март 2017, 

Монодрамата „Господ е жив“ на сцената на Велешкиот театар

Монодрамата „Господ е жив“ на сцената на Велешкиот театар

Велес, 19 март 2017 (МИА) - Монодрамата „Господ е жив“, авторски и автобиографски проект на актерката Драгана Босниќ, ќе биде изведена вечер на малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

Претставата е на српски јазик и е дел од проектот за културна поддршка на српското малцинство во Република Македонија.

Босниќ рече дека во претставата е обработена личната приказна на 40-годишна жена, која по два брака во две држави, останува без работа и е во безизлезна ситуација.

- Во еден момент додека е во дупката, ја прифаќа подадената рака која што ја извлекува од мракот кон светлината, посочи Босниќ.

Драгана Босниќ е дипломиран актер. Родена е во 1967 година, во Војводина. Актерска игра запишува и дипломира на Академијата за уметност во Нови Сад, во класата на проф. Петар Баниќевиќ. Професионалната актерска кариера ја почнува во Нови Сад, а потоа  игра на сцената на Народниот театар во Сомбор, еден период во Народниот театар „Непсинхаз“ во Суботица, а потоа во КПГТ Белград, од каде доаѓа во Скопје.

Вработена е во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а настапува и на сцените на Драмскиот театар, Македонскиот народен театар и во Кумановскиот театар. ад/хс/09:07

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Јутјуб преплавен од цртани филмови со несоодветни содржини за деца

На денешните деца поприродно им е „лизгањето“ со п...

Бред Пит се врати на вежбањето и симна неколку килограми

Бред Пит (53), еден од најголемите холивудски заво...

Боб Дилан в петок ќе го промовира новиот албум (видео)

Американскиот кантавтор и Нобеловец, Боб Дилан нај...

Автобус со патници за малку не беше „голтнат" од џиновска дупка на патот (видео)

Дупка широка неколку метри се отвори на автопат во...