• A-
  • A
  • A+
понеделник, 27 март 2017, 

Изложба „Додекоманија“ - спој на ликовниот и поетскиот израз

Изложба „Додекоманија“ - спој на ликовниот и поетскиот израз

Прилеп, 18 март 2017 (МИА) - Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложба на ликовниот уметник и поет Ацо Таневски, насловена „Додекоманија“.

Според авторот, ова е првпат македонската публика да ја види изложбата која наменски беше создадена и отворена пред две години во Македонскиот културен центар во Њујорк, а изложбата прави спој на поетскиот и ликовниот израз.

- Насловот на изложбата „Додекоманија“ не е случаен. Изложбата е поврзана со мојата претпоследна збиорка поезија со ист наслов. Додекоманија е изведенка зашто сите песни во збирката почнуваат со зборот „додека“. Илустрациите на изложбата се надополнуваат и ја објаснуваат мојата поезија. Ова е спој на ликовниот и поетскиот израз. Има и своевидна порака зашто на илустрациите се и бар-кодови кои се симбол на современиот начин на живеењето. Сите производи имаат бар-кодови, па и човекот носи своевиден бар-код од своето раѓање што упатува на дехуманизација, против што јас го изразувам својот револт, изјави Таневски.

Претставени се 40-ина дела колку што има и поетски изрази во книгата на Таневски.

Според Тони Чатлески, директор на Центарот за култура „Марко Цепенков“, оваа интересна изложба е седма од почетокот на годината.

- Досега Центарот за култура „Марко Цепенков“ претстави седум ликовни доживувања за прилепската публика. Според програмата поддржана од Министерството за култура, годинава треба да реализираме вкупно 36 и уште 20-ина изложби кои сами ќе ги финансираме. Тоа го става Прилеп меѓу градовите со најбогата ликовна дејност, рече Чатлески. ем/хс/12:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Јутјуб преплавен од цртани филмови со несоодветни содржини за деца

На денешните деца поприродно им е „лизгањето“ со п...

Бред Пит се врати на вежбањето и симна неколку килограми

Бред Пит (53), еден од најголемите холивудски заво...

Боб Дилан в петок ќе го промовира новиот албум (видео)

Американскиот кантавтор и Нобеловец, Боб Дилан нај...

Автобус со патници за малку не беше „голтнат" од џиновска дупка на патот (видео)

Дупка широка неколку метри се отвори на автопат во...