• A-
  • A
  • A+
понеделник, 27 март 2017, 

Изложба на македонската уметница Мациев во Софија

Изложба на македонската уметница Мациев во Софија

Софија, 17 март 2017 (МИА) -  Во КИЦ на Република Македонија во Софија, вечерва пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор и Министерството за култура на Република Бугарија, беше отворена изложбата на македонскиот ликовен уметник Андријана Мациев.

На изложбата насловена како "Живот во бои", беа претставени 22 дела, работени во акрил на платно и хартија.

Ова е прва самостојна изложба на Мациев, која веќе се има претставувано пред бугарската публика на групни изложби во Варна и Созопол.

За Андријана Мациев и нејзиниот творечки опус зборуваа Мирјана Крстева Массети, ликовен уметник и директорот на Центарот Васко Шутаров, кој и ја отвори изложбата.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија и е дел од годишната програма на КИЦ на Р. Македонија во Софија за 2017 година.скс/19:38

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Јутјуб преплавен од цртани филмови со несоодветни содржини за деца

На денешните деца поприродно им е „лизгањето“ со п...

Бред Пит се врати на вежбањето и симна неколку килограми

Бред Пит (53), еден од најголемите холивудски заво...

Боб Дилан в петок ќе го промовира новиот албум (видео)

Американскиот кантавтор и Нобеловец, Боб Дилан нај...

Автобус со патници за малку не беше „голтнат" од џиновска дупка на патот (видео)

Дупка широка неколку метри се отвори на автопат во...