• A-
  • A
  • A+

петок, 22 септември 2017, 

Ќе се реконструира Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Ќе се реконструира Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Кочани, 17 март 2017 (МИА) - Со буџетски средства на Министерството за култура ќе се реконструира зградата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.

Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во далечната 1950 година.

- Според планирањата, се надевам дека до крајот на оваа година ќе го завршиме првиот дел, односно надворешниот, кој ќе опфати целосна реконструкција на фасадата, на покривот, столаријата и сите делови коишто припаѓаат во надворешниот дел од Центарот. За следната година се надевам дека ќе почнеме со реконструкција и на внатрешниот дел, така што кочанци за кратко време ќе добијат еден убав објект во центарот на градот, кој навистина ќе го носи епитетот Центар за култура, рече Кристина Атанасова-Арсова, директор на ЦК „Бели Мугри“ Кочани.

Во втората фаза е планирано целосна реконструкција на внатрешниот дел на Центарот, на сите канцеларии, сцената, промена на столчињата, осветлувањето, озвучувањето.

Минатата година се работеше на изработка на проектот кој Министерството за култура го одбори, а првата негова фаза чини околу 500 илјади евра. кг/хс/14:24

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Почина Лилијан Бетанкур

Наследничката на француската козметичка групација ...

Јоко Оно бара отштета од производителот на пијалокот „Џон Лемон“

Вдовицата на легендарниот „Битлс“, Џон Ленон и се ...

Изложба по повод 100-годишнината од Октомвриската револуција

Во рускиот Државен ермитаж на 25 октомври повторно...

Германската сатирична Партија се попопуларна на социјалните мрежи

Германската политичка Партија која ветува дека ќе ...

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер има нова љубов

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер има ...