• A-
  • A
  • A+
сабота, 24 февруари 2018, 

Просечната плата во февруари 22.347 денари

Просечната плата во февруари 22.347 денари

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 22.347 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци просечната плата бележи раст од 2,4 проценти што се должи на повисоките просечни исплатени нето плати во секторите Транспорт и складирање за 11,9 отсто, Информации и комуникации за 6 проценти и Рударство и вадење камен за 4,9 отсто.

Во овој месец намалување на нето платата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8,1 отсто, Трговија на
големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 7,3 отсто и Рударство и вадење на камен 5,4 отсто.

Просечната бруто плата по вработен во февруари изнесува  32.869 денари.

Во февруари 2017 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата. скс/паг/13:26

###





 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кинези завршија во затвор поради јапонски униформи

Кинеските власти казнија со затворска казна од 15 ...

Само еден твит на Кајли Џенер ја урна вредноста на „Снепчет“

Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за...

Стивен Фрај боледува од рак на простата

Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека ...

Во Британија продаден чајник за 650 илјади евра

Колекционер од Велика Британија на аукција продаде...

Линдзи Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг

Американската скијачка Линдзи Вон му оддаде чест н...