• A-
  • A
  • A+

понеделник, 24 април 2017, 

Учеството на македонски фирми на саемот „Фруит логистика“ носи профит (ДПЛ)

Учеството на македонски фирми на саемот „Фруит логистика“ носи профит (ДПЛ)

Берлин, 9 февруари 2017 (МИА) - Македонски компании и годинава се дел од  на еден од најголемите светски саемо за овошје и техничка логистика за производство, пакување и дистрибуција на свежо овошје и производи од овошје, јавува дописникот на МИА од Берлин.
 
Во организација на министерството за земјоделие и водостопанство 12 македон ски компании за прозиводство на овошје и производи од овошје и зеленчук се дел од 2.884 изложувачи чии штандови на Берлинскиот саем ќе ги посетат на 70 илјади посетители и претставници на компании од овој сектор.
 
- Со нашето учество тука воспоставуваме контакти запознаваме други компании на кои им ги нудиме и продаваме нашите производи. Нашите производи досега одеа главно во поранешните југословески републики и нешто во Русија а сега направиме контакт по кој нашите прозиводи ќе ги продаваме во Европската Унија, вели Стојан Стојановски претставник на фирмата  „Румко“ од Ресен која по четврти пат се претставува на „Логистика Фруит“ во Берлин.
 
За Македонскиот компании учеството на саемот во Берлин е можност да најдат нови партнери за пласман на македонските прозиводи како и за да ги следат новините кои што значително можат да ги намалат цените на производство, пакување, складирање, дистрибуција како и да ја доближат Македонија во смисла на европските еколошки стандарди. 
 
За Сијче Андонова претставник на компанијата  „Венец“ од Долни Дисан оваа годинна главен таргет е германскиот пазар иако за пласман на нивните производи се преговара и со фирми од други европски и неевропски земји.
 
- Произведуваме Гројзе исто така прозиведуваме и вино. Бенефициите од овој саем ни се контактите што ги остваруваме со европските земји. Учествуваме на саемот веќе трета годинна и премногу сме задоволни. Планираме во иднина нашите продукти односно нашето вино и нашето гројзе и на германскиот пазар, вели Андонова за МИА.
Компанијата „Супер Фунги“ од Кочани веќе шеста година е присутна во Берлин каде што постојано ги проширува своите контакти и деловни врски со странски партнери. 
 
- Ние работиме  90  до 100 посто на странските пазари и секогаш ќе продолжиме да работиме со странство затоа што иднината е на странските пазари каде што има поголем маркет и подобра цена. Благодарение на овој и другите саемо можеме да го следиме трендот на времето и да се преструктуираме да ги извадиме сите потребни сертификати за да можеме да учествуваме на европските пазари, вели Сашко Антовски сопственик на компаннијата „Супер Фунги“ која во подготовката за настап на европските пазари најмила италијански дизајнери за пакување на нивните производи. Лани компанијата успеала на берлинскиот саем да договори продажба на 400 тони сливи од Македонија а за оваа година се планира најмалку 5 пати поголем извоз. 
 
Саемот кој трае од 8 до 10 февруари собира компании од над 100 држави кои што ги претставуваат последните иновации, производи и услуги во меѓународниот систем за трговија со овошје и зеленчук. гм/17:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.