• A-
  • A
  • A+

вторник, 26 септември 2017, 

Обичаи и верувања

11 јануари 2017 (МИА)

Народна филозофија 

Али ти е жив коњот што ти пцојса лани?
Во едно село си живеел еден бег. Сите сељани биле негој исполџии. Еден ден, летно време кога вршеле, бегот седел под една сенка и пиел тутун, а исполџиите работеле. На еден од тие шчо вршеле, му се припило тутун, ама немал. Се чудел како да му се доберит до агата и да му побарат едно љуле тутун. Најоѕади се престрамил, се добрал до бегот и му рекол:
- Али ти е жив коњот што ти пцојса лани?
Бегот се поднасмејал и рекол:
-Ашколсун, бре рајо! Како можел да бидит жив коњот што пцојса лани!
Исполџијата му одгорил:
- Зар не ти теквит бре ага? Мерам муабет за едно љуле тутун. Не ми теквит што да ти речам зато така ти реков.
- Ашколсун бре рајо! Ела да ти дам не едно, ами две лулуња тутун. 
Така итриот селанин дошол до љуле тутун.

Арната момичка лош касмет имат (а лошата арен).
Едно време кога дедо Господ шетал по земјава било во летно време голема горешчина. С’нцето жешко печело, пот течела од аргатските чела, а една момичка била испружена под една сенка и дрочела. Дедо Господ бил многу жеден и је се помолил на момчичката да му дајт една капка вода за да си го наквасит грлото. Момичката така сонлива ја поткренала едната нога и му рекла сонливо:
- Е онаму имат извор.
Тогаш дедо Господ је рекол: 
- Ти ќе земјш некој м’ж арен, тој да работат тебе да те ранит.
Одеешчи потака дедо Господ стретил една друга момичка ке жниела. Је се помолил и нејзе да му дајт тро вода да се напијат. Таја го остајла српот, стрчала до местото каде биле стомните, ја зела стомната со вода, је истурила водата од стомната зашчо била бајата со брзина отишла до изворот, нап’лнила тазе вода и му донесла на деда Господа да се напијат. Тогаш дедо Господ је рекол: 
-Ти ќе зејш некој м’ж алљаз, ти да работиш него да го раниш.

Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел.
Еден Турчин сакал да напрајт калдрма во ќералот. Излегол в чаршија да побарат мајстор. Нашол еден чоек со чекан на појасот и го опитал:
- Шчо си ти?
- Мајстор - му одгорил чоекот.
- Аљ знајш да прајш калдрма. го опитал Турчинот.
- Зн’м, како да не зн’м, зошчо сум мајстор, одгорил чвекот.
- Е, арно, ела дома да ми напрајш тро калдрма, рекол Турчинот.
Отишле на местото и Турчинот му рекол на мајсторот:
- Ево овде сакам да ми напрајш калдрма.
Мајсторот зафатил да работат. Турчинот бил многу мераклија на чиста работа, та му стоел над гла на мајсторот Мајсторот и редел како годе камењата и и потурал со песок. Турчинот постојл, погљал, не го бандисала работата, фатил да вртит со глата и неможеечи веќе да трпит му рекол на мајсторот:
- Абре мајсторе, јас сум видел, ама така не се прајт калдрма.
Мајсторот му одгорил:
- Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел.

Бадијала работај, бадијала не седи.
Двајца браќа женати ќинисале на чуждина, на печаљба. На попрашчањето жената на постариот му рекла на м’жа си:
- Ти, м’жу гљај само за голем ѓунделак да работаш, за да спечалиш појќе пари.
А жената од помладиот му рекла на м’жа си:
- Ти, м’жу, бадијала работај, бадијала не седи.
Кога фтасале на местото и фатиле да работет, поголемијот брат барал голем ѓунделак и тешко можел да најт работа. Помалијот работал како ќе најдел, за секаков ѓунделак и така спечалил многу пари.
На врашчање дома поголемијот си дошол дома празен, без пари, а помалијот донесол п’лно ќесе флорини.

Бељата е во торбата.
Еднош Настрадин-оџа отишол да крадит праз во една бавча. Корнел глајци праз и ’и потискал в торба. Однек’де дотрчал бавчанџијата и фатил да му викат:
- Шчо бараш тука, бре оџа?
- Ме одвеја ветрот и ме фрли овде, рекол оџата.
- Ами зашчо се држиш за празот.
- Да не ме одвејт пак, рекол оџата.
- Ами шчо е ова во торбава?
- Бељата е во торбата – рекол оџата.

Во Прилеп мајмун не играт.
Едношка прилепчани исчистиле еден орев од ј’тките, затвориле во него оса, и му го подале на еден мајмун шчо играл низ Прилеп. Мајмунот го грабнал ореот го лапнал в уста за да го скршит. Осата излегла од ореот и го к’снала мајмунот. Оттогаш во Прилеп мајмун веќе не заиграл.

Од книгата „Народни пословици и гатанки од Струга и Струшко“, собрал и подредил Филип Каваев, Скопје 1961. (Подготви Марко Китевски)

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ