• A-
  • A
  • A+
сабота, 25 февруари 2017, 

Обичаи и верувања

10 јануари 2017 (МИА)

Благослови од село В' мбел, Костурско 

Благослови

За мнигу години.
Да ви дај Госпу п’лна и рамна к’шча.
Да сте живи и здрави.
И петело јајца да ви неси.
Аиро да му го видите.
Да ви дај Госпу све шчо ви душа сака.
Аиро да му го видиш.
Од добро да не куртулите.
Добар к’смет да имате.
Колку лафои, теку добрини да ве најдат.
Да дај Госпу да се позлатите.
Само добрини и убавини да ви дава Госпу.

Благослови за новороденче и именден.

Да ви е живо и здраво детулето, големо и умно да стани.
И на други деца да ви грејме.
Да дај Госпу, така да се множат.
Од деца да не можите да се одбраните.
Да се живи и здрави мајка му и татко му.
Да дај Госпу к’смето да му работа.
Сите да се живи и здрави во фамиљата.
И од другите деца да си дочекате радости.
Нека се плодат и родват, к’шчата да ви се нап’лни со деца и мнученишча.
Глава да не можите да крените од мнученишча.
Госпу да го благослови името и к’шчата.
Лепо име да дај Госпу, за многу лепи денои.
Да му се радвите на името и детулето.
Да си дочекате мнучина од децата, а вие и парамнучина.
Да дај Госпу на свадба да му играме.

Изразување на мајчински чувства

Мило на мајка.
Цар на мајка.
Флорин на мајка.
Душа на мајка.
Коренче на мајка.
Фидан на мајка.
Пилето на мајка.
Алтан и јунак на мајка.

Убави желби за армасување (свршувачка) и свадба.

Да ни се ќердосе младите.
Сполај ви, да ви се врни и на ваши.
Да остаре и да побеле.
Многу челад да изроде.
К’смет и слога да си име.
Госпу, мили, да ги чуваш од лошо, с’мо добрини да им даваш.
Да се саке до век.
Да ни се смее и радова невестата и к’шчата со неја.

Од книгата „В’мбел“ од Сократ Пановски, Скопје 2002. (Подготви Марко Китевски)

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ